За Европски Универзитет



За нас

Денес Европскиот Универзитет е модерна високообразовна институција, која постојано ја унапредува својата образовна, кадровска и материјална основа. Универзитетот обезбедува кадровска поддршка во реализација на процесот на транзиција на системот.

На нашиот Универзитет студентите се на прво место. Ние сме тука поради нив и нивната иднина. Свесни сме дека најквалитетните средношколци, оние кои сакаат врз основа на знаењето да дојдат до најдобри позиции и конкурентска предност се определуваат точно за Европскиот Универзитет. Со тоа и нашата одговорност кон нив е најголема. Поради тоа, ние нив ги ставаме на прво место, докажувајќи им дека со уписот на Европскиот Универзитет направиле вистински и правилен избор. Тоа им се потврдува и со нашите постојани контакти за време на нивното студирање, но и по дипломирањето. Водевме грижа и за просториите во кои студентите го поминуваат времето додека се на Универзитетот. Амфитеатарот, компјутерските лабаратории, предавалните и библиотеката се модерно и функционално опремени, така што е обезбедена комплетна удобност и задоволство во престојот на Универзитетот. Наставата се одржува со најсовремена информациона и аудио- визуелна технологија, која на студентите им помага во добивање на нови знаења, како и во работата на наставниот кадар.

Знаењето кое е потребно да им се пренесе на студентите, бара врвни професори, предавачи и соработници. Универзитетот води сметка за селекција, професионален развој и усовршување на сите вработени.