Студенти



Студентска служба

Непосредното остварување на административни, организациски и тековни активности поврзани со студирањето, се одвива преку Службата за студентски прашања. Преку оваа служба, тече пријавувањето и запишувањето на студентите, односно доставувањето на документацијата потребна за запишување.

Насоките и контролата на редовноста, непосредноста, техничката организација и регуларноста на овие активности се во непосредна обврска на оваа служба и тоа: пријавување колоквиуми, испити, стручни трудови, есеи, проектни задачи, семинарски работи, дипломски, магистерски и докторски трудови, запишување и заверување семестри, добивање потврди, уверенија и други соодветни документи потребни за студентите, остварување комуникација заради добивање објаснувања, допрецизирања и конкретни прашања и односи.

Службата работи во текот на целиот ден, функционира според поделени и специфицирани дејности, односно студиски групи, години и насоки, т.е.циклуси на студии и конкретни активности (поднесување молби, барања, пријави и документи).

Раководител:
Билјана Величковиќ

 

ФУНКЦИЈА

Студентската служба е местото на кое студентите наоѓаат одговори и ефикасни решенија на прашањата врзани за текот на студиите, наставата, колоквиумите, испитите, професорите и административни прашања. Нашата главна цел е да создадеме систем на решавање на формалните обврски на студентите, во кој тие самите би биле најмалку вклучени. Воведувањето на компјутеризираниот систем за пријавување на испитите и колоквиумите е вистинско олеснување за студентите што придонесува за почитување на утврдените термини за пријавување.

РАБОТНО ВРЕМЕ

Во просториите на студентската служба на Европскиот Универзитет никогаш нема да сретнете долги редици и сите административни работи на студентите се завршуваат во најкус можен рок. Студентската служба ви стои на располагање 12 часа во денот со работно време од 8 до 20 часот во работните денови и сабота.

За поконкретни информации во врска со студиите јавете се на

+389 2 3202 100, +389 2 3202 101 или +389 2 3202 111.