Студенти



СОЕУРМ

Преку Студентската организација студентите на Европски универзитет-Република Македонија, можат да ги реализираат своите заеднички интереси, заштита на студентските права, развивање и задоволување на културните потреби на студентите, спортски и рекреативни активности, научно-технолошко творештво. Студентската организација остварува и развива соработка на сите полиња со студенти и студентски организации од РМ и странство и ги разгледува и оценува актуелните прашања кои се од интерес и значење за студентите.

Во рамките на организацијата функционираат и следниве сектори:

Сектор за Спорт

Во рамките на СОЕУРМ ќе се основа тело за спорт кое ќе има за мисија да се ангажираат студентите во спортски активности. Идејата за основање на тело во рамките на СОЕУРМ се базира на максимата во здраво тело-здрав дух. Ова тело ќе работи пред се на организарање на спортски натпревари кои ќе ги анимираат не само студентите туку и асистентите и професорите, а со тоа ќе се овозможи поблиска комуникација меѓу нив на едно поинакво, т.е. понеформално ниво.

Долгорочни цели на секторот за спорт:

  • Дружење и зближување на студентите меѓу себе и поттикнување на натпреварувачкиот дух

  • Зближување на студентите и професорите и асистентите на едно понеформално ниво

  • Јакнење на физичката подготвеност на студентите

  • Промовирање на спортот како средство за забава и релаксација

Краткорочни цели:

  • Организирање на наша универзитетска лига во кошарка и во мал фудбал што би значело организирање на натпревари преку целата учебна година

  • Учество на најдобропласираните екипи на натпревари на меѓу универзитетско ниво

Сектор за Меѓународна Соработка

Подобрувањето на квалитетот и работењето на СОЕУРМ а со тоа подобрувањето на можностите на студентите на ЕУРМ може најдобро да се постигне преку споделување и размена на искуства и know-how со студентите од странските универзитети. Токму поради тоа потребна е и ќе се изврши реализација на следните цели:

  • Меѓународна промоција на ЕУРМ и СОЕУРМ

  • Склучување на партнерства со студентски сојузи на универзитети на Балканот, Европа и САД

  • Вклучување во меѓународните студентски движења преку членство во меѓународни студентски асоцијации

  • Реализација на заеднички проекти, семинари и конференции

Сектор за Забава

Се работи за еден од најомилените сектори на студентите, поради неформалноста и забавата која што ја нуди. Целта на активностите на секторот забава ќе биде збогатување на социјалниот живот на студентите преку организирање на разни забавни активности, кои барем накратко ќе успеат да не оттргнат од нашето студентско секојдневие. Она што е испланирано како активности на овој сектор се: новогодишна забава, голем целодневен хепенинг и апсолвентска прослава.

Дебатен Клуб

Преку основањето на дебатниот клуб се создава простор и можност за студентите преку кои тие гласно ќе размислуваат и ќе станат активни граѓани, кои со конструктивен и аргументиран приод ќе придонесат за решавање на проблемите во општеството.Дебатниот клуб е заеднички проект на СОЕУРМ и МОФ.Студентите-членови на дебатниот клуб имаат можност да го разработуваат форматот на Британска и Американска Парламентарна дебата.Вакви дебатни клубови има на најголем дел од универзитетите во Европа и САД а овој дебатен клуб е прв од ваков вид на некој универзитет во Република Македонија.Дебатен клуб со своето работење ги постигнува следните цели:

Долгорочни цели:

  • Поттикнување на критичкото мислење на студентите;

  • Развивање на истражувачките, аналитичките и креативните способности;

  • Сослушување и прифаќање на спротивните ставови во врска со актуелни и контроверзни прашања и проблеми, односно усовршување на способноста за постигнување консензус;

  • Користење на стекнатото знаење и способности при полагањето на испитите на факултетите и добивање на искуства и квалитети потребни за идниот личен и професионален развој.

Краткорочни цели:

  • Обука на преку 30 студенти за основите на дебатирањето и говорништвото;

  • Ораганизирање или учество на настани од најразличен тип;

  • Организирање на турнири во дебата во рамките на универзитетот;

  • Учество на меѓународни турнири организирани од Универзитетските дебатни клубови од Европа и САД;

  • Огранизирање на семинари за јавно говорништво и дебата;

  • Организирање на настани со присуство на пошироката јавност на кои ќе се дискутираат контроверзни прашања и презентираат различни ставови, со гости по избор на студентите

ИТ сектор

IT секторот се фокусира на информатичко-техничката функционалност на СОЕУРМ. Тоа вклучува претставување и промоција на СОЕУРМ преку веб страни, форуми и сличнo но и зголемување на ефективноста на корисничките услуги наменети за студентите и вработените во ЕУРМ.