Студенти



Факултет за Правни науки

Факултетот за правни науки има добиено согласност за изведување на практична обука со следните компании и институции:

 

 

Комисија за односи со верските заедници и религиозните групи

Eвропскиот Универзитет РМ - Скопје има остварено комуникација со повеќе институции, со што на студентите им се нуди можност за стекнување работно искуство и надградба на професионалните вештини. Крајната цел е да се зголеми можноста за вработување на практикантите и да се овозможи оптимален спој на теоретската основа и практичното искуство.

Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи е само­сто­­ен орган на државната управа, надлежен за односите помеѓу верските заедници и ре­­ли­гиозните групи и државата.

Основна задача на Комисијата за односи со верските заедници и ре­лиги­оз­­ни групи е да помага при разрешува­ње на прашањата кои ќе се појават по­ме­ѓу вер­ски­те заедници и ре­лигиозни групи во Република Маке­донија и држав­ни­те органи.
Активностите на Комисијата произлегуваат од нејзи­ни­те ов­ла­стув­ања од Законот за државната управа, Законот за верските заедници и ре­ли­гиозни гру­пи, како и од обврските кои Комисијата ги има или од неа се бараат да бидат исполнети од стра­­на на Со­бра­­нието и од страна на Владата на Република Маке­донија, а се од­ви­­ваат спо­­ред ут­врдена програма за работа на Комисијата.

Комисијата ја следи работата на 26 цркви, верски заедници и религиоз­ни гру­пи во РМ.

 

 

Македонска радиодифузија

Eвропскиот Универзитет РМ - Скопје има остварено комуникација со повеќе институции, со што на студентите им се нуди можност за стекнување работно искуство и надградба на професионалните вештини. Крајната цел е да се зголеми можноста за вработување на практикантите и да се овозможи оптимален спој на теоретската основа и практичното искуство.

Македонска радиодифузија – Скопје е Јавно претпријатие основано од Владата на Република Македонија. Тоа е јавен радиодифузен оператор на територијата на РМ и неговото функционирање е регулирано со Законот за електронски комункации и Законот за радиодифузна дејност како и со Статутот на претпријатието.

Својата основна фунција ја остварува оперирајќи со повеќе различни мрежи и тоа: три телевизиски мрежи, три радио мрежи, една мрежа на насочени микробранови врски и други уреди и инструменти.

Финансирањето на претпријатието се темели на два основни извори: радиодифузна такса и комерцијални приходи.

 

Дирекција за заштита на личните податоци

Eвропскиот Универзитет РМ - Скопје има остварено комуникација со повеќе институции, со што на студентите им се нуди можност за стекнување работно искуство и надградба на професионалните вештини. Крајната цел е да се зголеми можноста за вработување на практикантите и да се овозможи оптимален спој на теоретската основа и практичното искуство.

Дирекцијата е самостоен и независен орган со својство на правно лице, надлежна за вршење надзор над законитоста на преземените активности при обработување на личните податоци и нивната заштита на територијата на Република Македонија. Ваквиот статус и обезбедува независност во однос на органите на извршната, законодавната и судската власт, како и во однос на органите на локалната власт.

Со Дирекцијата раководи директор, кој има заменик. Нив ги именува и разрешува Собранието на Република Македонија за време од 5 години. За својата работа и за работата на Дирекцијата, директорот и неговиот заменик одговараат пред Собранието на Република Македонија. Директорот доставува до Собранието на Република Македонија годишен извештај за работата на Дирекцијата.

 

 

Државниот завод за индустриска сопственост

Eвропскиот Универзитет РМ - Скопје има остварено комуникација со повеќе институции, со што на студентите им се нуди можност за стекнување работно искуство и надградба на професионалните вештини. Крајната цел е да се зголеми можноста за вработување на практикантите и да се овозможи оптимален спој на теоретската основа и практичното искуство.

Државниот завод за индустриска сопственост на Република Македонија е самостоен орган на државната управа надлежен за вршење на работите во врска со стекнувањето и заштитата на правата од индустриска сопственост
Државниот завод за индустриска сопственост ги има следните надлежности:

  • Врши прием на пријави за признавање на правата од индустриска сопственост;
  • Спроведува меѓународна постапка за признавање на правата од индустриска сопственост согласно меѓународните договори кон кои пристапила Република Македонија;
  • Води регистри на пријави и стекнати права;
  • Oбјавува во службено гласило податоци за пријавени и признаени права од индуистриска сопственост;
  • Ги прави достапни до јавноста базите на податоци за признаени права од индустриска сопственост;
  • Ја претставува државата во меѓународните, европските и регионалните организации за индустриска сопственост;
  • Го следи развојот на меѓународната и европската регулатива и поведува иницијативи за усогласување на националната легислатива;
  • Поведува иницијативи за ратификување на меѓународни договори од областа на индустриската сопственост;
  • Дава информации за постапките за заштита на правата од индустриска сопственост во земјата и во странство;
  • Дава услуги на пребарување во базите на податоци од областа на интелектуалната сопственост;
  • Ја промовира заштитата на индустриската сопственост;
  • Врши обука и спроведува испит за застапници од областа на индустриската сопственост.

 

 

Државно правобранителство

Eвропскиот Универзитет РМ - Скопје има остварено комуникација со повеќе институции, со што на студентите им се нуди можност за стекнување работно искуство и надградба на професионалните вештини. Крајната цел е да се зголеми можноста за вработување на практикантите и да се овозможи оптимален спој на теоретската основа и практичното искуство.

Државното правобранителство е државен орган кој превзема правни средства заради правна заштита на имотните права и интереси на Република Македонија и врши други работи утврдени со овој и друг Закон.

Државниот правобранител по предлог на Министерството за правда го именува Владата на Република Македонија за време од 6 години со право на повторен избор, Државните правобранители ги именува Владата на Република Македонија од претходно прибавено мислење од Државниот правобранител без ограничување на мандатот.

 

 

Министерство за труд и социјална политика

Eвропскиот Универзитет РМ - Скопје има остварено комуникација со повеќе институции, со што на студентите им се нуди можност за стекнување работно искуство и надградба на професионалните вештини. Крајната цел е да се зголеми можноста за вработување на практикантите и да се овозможи оптимален спој на теоретската основа и практичното искуство.

Министерството за труд и социјална политика ги утврдува активностите за остварување на своите надлежности и работи утврдени со Уставот и другите позитивни прописи, како и ги операционализира програмските задачи на Владата на Република Македонија.

Ова министерство ги врши работите што се однесуваат на:

  • работните односи, вработувањето и вработеноста;
  • пензиско-инвалидското осигурување;
  • заштитата на работниците при работењето;
  • материјалното обезбедување на привремено невработените;
  • платите и животниот стандард;
  • социјалната политика;
  • хуманата популациона политика заради усогласен економски социјален развој;
  • правните односи во бракот, семејството и вонбрачната заедница;
  • односите меѓу родителите и децата, старателството и посвојувањето;
  • унапредувањето на рамноправноста на половите;
  • заштитата на децата и малолетните лица;
  • заштитата на младината и жените;
  • заштитата на лицата со пречки во развојот;
  • заштитата на цивилните инвалиди од војната;
  • заштитата на борците од Антифашистичката војна и од сите национално ослободителни војни на Македонија, на воените инвалиди, на прогонуваните и затвораните за идеите на самобитноста на македонскиот народ и неговата државност, како и на членовите на нивните семејства кои немаат можности за материјална и социјална егзистенција;
  • надзорот од негова надлежност и
  • врши други работи утврдени со закон.

 

 

Фонд за здравствено осигурување

Eвропскиот Универзитет РМ - Скопје има остварено комуникација со повеќе институции, со што на студентите им се нуди можност за стекнување работно искуство и надградба на професионалните вештини. Крајната цел е да се зголеми можноста за вработување на практикантите и да се овозможи оптимален спој на теоретската основа и практичното искуство.

Фондот за здравствено осигурување на Македонија е основан со Законот за здравствено осигурување заради спроведување на задолжително здравствено осигурување, како институција која врши дејност од јавен интерес и јавни овластувања утврдени со Законот.

Со Законот за здравствено осигурување се уредува здравственото осигурување на граѓаните, правата и обврските од здравственото осигурување, како и начинот на спроведување на здравственото осигурување.

Врз основа на овластувањата дадени во Законот и делокругот на работа, со Фондот управува Управен одбор, а со работата на Фондот раководи Директорот на Фондот.

Работите и работните задачи Фондот ги изврши согласно Програмата и Планот за работа на Фондот, усвоена на почетокот на годината. Планските активности се спроведуваат согласно реформските процеси во здравствениот сектор, со подршка на Светската банка и се одвиваа во следните насоки:

  • Реформи во примарната здравствена заштита
  • Реформи во специјалистичко - консултативна здравствена заштита
  • Реформи во болничката здравствена заштита
  • Воведување на информациона технологија во здравството
  • Континуирани тековни активности спрема планот и програмата за работа на Фондот за тековната година

Фондот врши дејност од јавен интерес и врши јавни овластувања утврдени со овој закон. Фондот е самостоен во својата работа.