Студенти



Факултет за Политички науки

Факултетот за политички науки има потпишано договор односно согласност за изведување на практична обука со следните компании и институции:

 

 Министерство за надворешни работи

Eвропскиот Универзитет РМ - Скопје има остварено комуникација со повеќе институции, со што на студентите им се нуди можност за стекнување работно искуство и надградба на професионалните вештини. Крајната цел е да се зголеми можноста за вработување на практикантите и да се овозможи оптимален спој на теоретската основа и практичното искуство.

Република Македонија преку надворешна политика - на билатерален и на мултилатерален план - ги промовира своите национални вредности и  интереси. Европската и Транс-атланската интеграција е витален интерес за долгорочната стабилност, безбедност и благосостојба на Република Македонија.

 

Центар за оценување (единица осамостоена од Бирото за развој на образованието)

Eвропскиот Универзитет РМ - Скопје има остварено комуникација со повеќе институции, со што на студентите им се нуди можност за стекнување работно искуство и надградба на професионалните вештини. Крајната цел е да се зголеми можноста за вработување на практикантите и да се овозможи оптимален спој на теоретската основа и практичното искуство.

Дејноста на Бирото за развој на образованието опфаќа компоненти со кои се одредуваат целта и содржината на воспитно-образовната работа во областа на предучилишното, основното, гимназиското, средното стручно и постсредното образование, образованието на децата со посебни образовни потреби, образованието на возрасните, ученичките домови, како и за образованието на децата и граѓаните на Република Македонија во странство за учење на мајчиниот јазик и култура.

 

Стопанска Комора на РМ

Eвропскиот Универзитет РМ - Скопје има потпишано Договор за соработка со Стопанска Комора на Р. Македонија, со што на студентите им се нуди можност за стекнување работно искуство и надградба на професионалните вештини. Крајната цел е да се зголеми можноста за вработување на практикантите и да се овозможи оптимален спој на теоретската основа и практичното искуство.

Комората, како облик на организирање на стопанството во Република Македонија, со својата активност, извршувајќи ги своите функции, даде огромен продонес за развојот на македонското стопанство, за стручното оспособување на кадрите, одобрување на квалитетот на производството, развојот и афирмацијата на стопанските потенцијали преку пропаганда, промотивна и претставничка функција на одредени специјализирани организации.

Европскиот Универзитет им нуди можност на студентите од Факултетот за политички науки да се вклучат во тековните активности на Стопанската Комора во делот за медиуми. Студентите би биле ангажирани на работна пракса во времетраење од еден месец во зависност од тековните потреби.