Студенти



Факултет за Информатика

Факултетот за информатика има потпишано договор односно согласност за изведување на практична обука со следните компании и институции:

 

 

Комерцијална банка АД Скопје

Eвропскиот Универзитет РМ - Скопје има потпишано Договор за соработка со Комерцијална Банка АД Скопје, со која им се нуди можност на студентите да стекнат работно искуство, преку пракса, и да ги надградат своите професионални вештини. Покрај професионалното знаење, ЕУРМ на студентите им овозможува практично работно искуство во текот на наставата со цел да се зголеми можноста за вработување.

Комерцијална банка АД Скопје е една од водечките банки во Република Македонија која во своето долгогодишно постоење изгради имиџ на банка со традиција, доверба, сигурност, иновативност и силна домашна и меѓународна репутација. Во склоп на банката постои информатички центар за подршка на банката. Во центарот за информатика може да се изведува пракса од областа на Оперативни системи, Компјутерски мрежи и Бази на податоци.  

Европскиот Универзитет им нуди можност на студентите да се вклучат во тековните активности на банката. Студентите би биле ангажирани на работна пракса во времетраење од еден месец, со можност за продолжување на повеќе месеци во зависност од тековните проекти во банката. Можно е делумно флексибилно работно време во банката заради ангажман околу полагање на колоквиумските сесии.

 

Нетцетера

Нетцетера е Швајцарска фирма која има претставништво и во Македонија.  Оваа фирма се занимава со програмирање и има одлични бизнис решенија. Нивната web страна е www.netcetera.com.mk

Со фирмата имаме воспоставено контакт  и во истатa може да се изведува пракса.. Во март или април за сите пријавени студенти се организира интервју и кандидатите кои ќе ги задоволат нивните критериуми во текит на летото одат на пракса. Праксата се изведува во летниот период јуни-јули-август.

Покрај ова фирмата Нетцетера организира и натпревар во CodeFu.

 

Неоком

Европскиот Универзитет РМ – Скпје има потпишано договор за соработка со Неоком, кој на студентите им нуди можност да стекнат работно искуство, праку пракса, и да ги надградат своите вештини.

Неоком има широк круг деловни активности:

  • Одржување и подршка на хардверска опрема,
  • Одржување, обука и поддршка за оперативни системи, бази на податоци и развојни алатки,
  • Проектирање и изведба на интегрирани компјутерски системи и мрежи,
  • Асемблирање на персонални компјутери,
  • Консултантски услуги од областа на ИКТ,
  • Апликативни решенија за Documet Management, архивирање, редакциски и агенциски систем, како и интегриран банкарски систем.

 

НЕКСТ-ЕМ (NEXT-EM)

Европскиот универзитет РМ – Скопје има потпишано договор за соработка со НЕКСТ-ЕМ формата која на студентите им нуди можност да стекнат работно искуство, преку пракса, и да ги надградат своите вештини.

НЕКСТ-ЕМ ДООЕЛ е компанија со долгогодишно искуство во областа на ИТ технологијата и телекомуникациите која се појавува на домашниот и на странскиот пазар.

Со своето искуство се има докажано во повеќето делови од ИТ, како што се:

  • Kомпјутерски мрежи
  • Видео надзор
  • Веб хостинг
  • Веб дизајн
  • Веб базиран софтвер
  • и во полето на телекомуникациите:
  • VOIP решенија
  • VOIP услуги

 

СЕМОС

Европскиот Универзитет РМ – Скопје  има потпишано договор за соработка со СЕМОС, која на студентите им ноди можност за стекнување на работно искуство преку пракса и да ги надградат своите вештини.

Семос е водечка македонска компанија која обезбедува комплетни софтверски решенија, систем интеграциски услуги и IT консултации. Основните активности се дизајн, развој, имплементација и техничка поддршка на комплексни IT решенија. Семос се специјализира за изработката на деловни софтверски решенија базирани на Microsoft.Net, Advanced Network Infrastructure решенија, Security решенија како и OLAP/Business Intelligence решенија.
 

АМЦ компјутери

Европскиот Универзитет РМ – Скопје има потпишано договор за соработка со АМЦ компјутери. АМЦ компјутери на студентите им нудо можност за стекнување на работно искуство преку пракса.

За работата е најважно да нема застој. Ако сакате Вашите компјутери и лаптопи да бидат поправени во најкраток рок, а притоа да не се грижите за набавка на делови и инсталации, тогаш АМЦ е решението за Вас.

АМЦ ќе ви помогнеме ако сакате да го унапредите информациониот систем кој веќе го имате, или сакате да направите нов. Искуството и знаењето на нивните проектанти и инженери ќе ги намали трошоците на Вашето работење во голема мерка.

АМЦ нуди комплетни решенија за компјутерските мрежи кои вклучуваат:

  • Каблирање
  • Инталација и
  • Конфигурација на работни станици и сите потребни сервери.

Во суштина АМЦ ги нуди сите услуги од областа на ИТ технологијата. ,

 

Македонски телеком

Европскиот Универзитет има остварено контакти со Македонски телеком, кој на студентите им нуди можност за изведување на пракса и стекнување работно искуство.

Како водечки национален оператор за електронски комуникации, Македонски Телеком АД-Скопје на своите корисници им нуди широк спектар на врвни телекомуникациски услуги и забавни содржини, и тоа во доменот на фиксната мрежа, широкопојасни услуги и интегрирани решенија, вклучувајќи и телевизија преку интернет протокол (IPTV). Во компаниското продуктно портфолио се услуги базирани на Интернет протокол, пренос на податоци, продажба и изнајмување на опрема и услуги за системска интеграција