Студенти



Факултет за Економски науки

 

Факултетот за економски науки има склучено договори за соработка односно согласност за изведување на практична обука со следните компании и институции:

 

Комерцијална банка АД Скопје

Eвропскиот Универзитет РМ - Скопје има потпишано Договор за соработка со Комерцијална Банка АД Скопје, со која им се нуди можност на студентите да стекнат работно искуство, преку пракса, и да ги надградат своите професионални вештини. Покрај професионалното знаење, ЕУРМ на студентите им овозможува практично работно искуство во текот на наставата со цел да се зголеми можноста за вработување.

Комерцијална банка АД Скопје е една од водечките банки во Република Македонија која во своето долгогодишно постоење изгради имиџ на банка со традиција, доверба, сигурност, иновативност и силна домашна и меѓународна репутација. Како универзална македонска приватна независна банка, нуди широк асортиман на банкарски активности, почнувајќи од прибирање депозити, одобрување кредити на правни и физички лица, услуги во меѓународниот и домашниот платен промет, посредување во купопродажбата на девизи, хартии од вредност, форфетирање и слично.

Европскиот Универзитет им нуди можност на студентите да се вклучат во тековните активности на банката. Студентите би биле ангажирани на работна пракса во времетраење од еден месец, со можност за продолжување на повеќе месеци во зависност од тековните проекти во банката. За студентите следува соодветен финансиски надомест за работата. Можно е делумно флексибилно работно време во банката заради ангажман околу полагање на колоквиумските сесии.

 

Стопанска Комора на РМ

Eвропскиот Универзитет РМ - Скопје има потпишано Договор за соработка со Стопанска Комора на Р. Македонија, со што на студентите им се нуди можност за стекнување работно искуство и надградба на професионалните вештини. Крајната цел е да се зголеми можноста за вработување на практикантите и да се овозможи оптимален спој на теоретската основа и практичното искуство.

Стопанската комора на Македонија е референтна институција на бизнисот во Р.Македонија со околу 15.000 членки на доброволна основа од кои најголемиот број се мали и средни претпријатија.

Комората, како облик на организирање на стопанството во Република Македонија, со својата активност, извршувајќи ги своите функции, даде огромен продонес за развојот на македонското стопанство, за стручното оспособување на кадрите, одобрување на квалитетот на производството, развојот и афирмацијата на стопанските потенцијали преку пропаганда, промотивна и претставничка функција на одредени специјализирани организации.

Европскиот Универзитет им нуди можност на студентите да се вклучат во тековните активности на Стопанската Комора. Студентите би биле ангажирани на работна пракса во времетраење од еден месец во зависност од тековните потреби. Можно е делумно флексибилно работно време во Комората заради ангажман околу полагање на колоквиумските сесии.

 

Агенција за државни службеници на РМ

Eвропскиот Универзитет РМ - Скопје има потпишано Договор за соработка со Агенцијата за државни службеници на РМ, со што на студентите им се нуди можност за стекнување работно искуство и надградба на професионалните вештини. Крајната цел е да се зголеми можноста за вработување на практикантите и да се овозможи оптимален спој на теоретската основа и практичното искуство.

Државните службеници работат во државните органи, во органите на државната управа, во органите на судската власт и во органите на општинската власт. Ваквата поставеност налага централно организирање на државните службеници и воспоствување на единствени стандарди.

Агенцијата постои за да обезбеди стабилност и сигурност, дека државните службеници и системот на државната служба, располагаат со неопходните капацитети да им помогнат на централните и локалните власти да ги спроведат своите програми и политики.

Европскиот Универзитет им нуди можност на студентите да се вклучат во тековните активности на Агенцијата. Студентите би биле ангажирани на работна пракса во времетраење од еден месец, со можност за продолжување на повеќе месеци во зависност од тековните потреби. Можно е делумно флексибилно работно време во Агенцијата заради ангажман околу полагање на колоквиумските сесии.

 

Инново Статус АД Скопје

Eвропскиот Универзитет РМ - Скопје има потпишано Договор за соработка со Инново Статус АД Скопје, со што на студентите им се нуди можност за стекнување работно искуство и надградба на професионалните вештини. Крајната цел е да се зголеми можноста за вработување на практикантите и да се овозможи оптимален спој на теоретската основа и практичното искуство.

Предмет на работење на Друштвото за управување со инвестициски фондови - Инново Статус АД Скопје е водење на деловни книги, сметки и изготвување на финансиски извештаи, воспоставување и одржување односи со вложувачите, работи на управување со средства за сметка на индивидуален клиент-сопственик на портфолио, како и работи на инвестиционо советување на клиенти на Фондот.

Европскиот Универзитет им нуди можност на студентите да се вклучат во тековните активности на инвестициониот фонд. Студентите би биле ангажирани на работна пракса во времетраење од еден месец, со можност за продолжување на повеќе месеци во зависност од тековните потреби. Можно е делумно флексибилно работно време во Илирика заради ангажман околу полагање на колоквиумските сесии.

 

Охридска Банка АД Охрид

Eвропскиот Универзитет РМ - Скопје има долгогодишна традиција на соработка со Охридска Банка АД Охрид, со која им се нуди можност на студентите да стекнат работно искуство, преку пракса, и да ги надградат своите професионални вештини. Покрај професионалното знаење, ЕУРМ на студентите им овозможува практично работно искуство во текот на наставата со цел да се зголеми можноста за вработување.

Охридска банка А.Д Охрид е универзална банкарска институција која нуди широк спектар на домашни и меѓународни банкарски услуги на своите комитенти - правни и физички лица.

Основна стратегија на Банката е постојано унапредување на извршувањето на банкарскиот сервис и негово целосно насочување кон задоволување на потребите на комитентите со истовремено креирање на дополнителна вредност за акционерите како и следење на современите трендови на банкарската индустрија во земјата и странство и нивна адекватна примена во секојдневното работење на Банката.

Долгогодишното искуство, стекнатата доверба во земјата и во странство, воспоставените кореспондентски односи со првокласни странски банки, добро обучениот и професионален кадар, јасната визија и стратегија на менаџментот се реална основа дека Банката ќе го задржи трендот на раст, квалитет и успешност во работењето.

Европскиот Универзитет им нуди можност на студентите да се вклучат во тековните активности на банката. Студентите би биле ангажирани на работна пракса во времетраење од еден месец, со можност за продолжување на повеќе месеци во зависност од тековните проекти во банката. Можно е делумно флексибилно работно време во банката заради ангажман околу полагање на колоквиумските сесии.

 

Зираат банка АД Скопје

Eвропскиот Универзитет РМ - Скопје има остварено соработка со Зираат банка АД Скопје, со која им се нуди можност на студентите да стекнат работно искуство, преку пракса, и да ги надградат своите професионални вештини. Покрај професионалното знаење, ЕУРМ на студентите им овозможува практично работно искуство во текот на наставата со цел да се зголеми можноста за вработување.

Зираат банка дава поддршка на економијата и банкарскиот сектор со понуда на производи и услуги на коминтенти по најповолна цена и на најбрз можен начин, запазувајќи ја социјалната одговорност, давање на услуги каде коминтентите би биле во центарот на вниманието и работење според етичките правила кои важат во банкарството.

 Нивна цел е извршување на сите банкарски активности кои можат да ги вршат банките наведени во Законот за банките и земање на активна улога во развојот на економските врски и трговската размена помеѓу Република Македонија и Република Турција, во склад со Законот за банките и другата законска регулатива.

Европскиот Универзитет им нуди можност на студентите да се вклучат во тековните активности на банката. Студентите би биле ангажирани на работна пракса во времетраење од еден месец, со можност за продолжување на повеќе месеци во зависност од тековните проекти во банката. Можно е делумно флексибилно работно време во банката заради ангажман околу полагање на колоквиумските сесии.

 

Царинска управа на Р. Македонија

Eвропскиот Универзитет РМ - Скопје има остварено соработка со Царинската управа на Р. Македонија, со што на студентите им се нуди можност за стекнување работно искуство и надградба на професионалните вештини. Крајната цел е да се зголеми можноста за вработување на практикантите и да се овозможи оптимален спој на теоретската основа и практичното искуство.

Царинската управа на Република Македонија постои за потполно и на ефикасен начин да им служи на Владата и граѓаните на Македонија со обезбедување на навремено и ефикасно прибирање на царинските и другите давачки и спречување на внесување на нелегална стока во земјата. Ова може да се оствари со системи и работење кое реално ќе ја олеснува меѓународната трговија и ќе придонесува за одржлив економски развој преку спроведување ефикасни, брзи и лесно разбирливи постапки во опкружување кое што обезбедува целосна заштита на приходите и целосно спроведување на законските забрани и на законот воопшто.

Европскиот Универзитет им нуди можност на студентите да се вклучат во тековните активности на Царинската управа на РМ. Студентите би биле ангажирани на работна пракса во времетраење од еден месец. Можно е делумно флексибилно работно време во Царинската управа заради ангажман околу полагање на колоквиумските и испитните сесии.

  

Комисија за хартии од вредност

Eвропскиот Универзитет РМ - Скопје има остварено соработка со Комисијата за хартии од вредност на Р. Македонија, со што на студентите им се нуди можност за стекнување работно искуство и надградба на професионалните вештини. Крајната цел е да се зголеми можноста за вработување на практикантите и да се овозможи оптимален спој на теоретската основа и практичното искуство.

Комисијата за хартии од вредност го регулира и го контролира работењето со хартии од вредност на територијата на Република Македонија. Во рамките на своите законски надлежности и овластувања, се грижи за законско и ефикасно функционирање на пазарот на хартии од вредност и за заштита на правата на инвеститорите, со цел постојано да се јакне довербата на јавноста во институциите на пазарот на хартии од вредност во земјава.

Европскиот Универзитет им нуди можност на студентите да се вклучат во тековните активности на Комисијата за хартии од вредност. Студентите би биле ангажирани на работна пракса во времетраење од еден месец. Можно е делумно флексибилно работно време во Комисијата заради ангажман околу полагање на колоквиумските и испитните сесии.

 

Македонска берза АД Скопје

Eвропскиот Универзитет РМ - Скопје има долгорочна соработка со Македонска берза АД Скопје, со што на студентите им се нуди можност за стекнување работно искуство и надградба на професионалните вештини. Крајната цел е да се зголеми можноста за вработување на практикантите и да се овозможи оптимален спој на теоретската основа и практичното искуство.

Македонска берза АД Скопје обезбедува ефикасно, транспарентно и сигурно функционирање на организираниот секундарен пазар на хартии од вредност во Република Македонија, преку перманентно настојување на сите инвеститори да им обезбеди влез, односно излез од сите финансиски инструменти со кои се тргува на различните берзански пазари по фер пазарна цена, се со цел да помогне во градењето доверба во македонскиот пазар на хартии од вредност.

Европскиот Универзитет им нуди можност на студентите да се вклучат во тековните активности на Македонска берза. Студентите би биле ангажирани на работна пракса во времетраење од еден месец. Можно е делумно флексибилно работно време во Берзата заради ангажман околу полагање на колоквиумските и испитните сесии.

 

Централен депозитар на хартии од вредност АД Скопје

Eвропскиот Универзитет РМ - Скопје има долгорочна соработка со Централниот депозитар на хартии од вредност АД Скопје, со што на студентите им се нуди можност за стекнување работно искуство и надградба на професионалните вештини. Крајната цел е да се зголеми можноста за вработување на практикантите и да се овозможи оптимален спој на теоретската основа и практичното искуство.

Целта на ЦДХВ е воспоставување на централен регистар за хартии од вредност, кој ќе ги опфати сите активни акции и обврзници во Република Македонија. Ова ќе резултира со подобар пристап и дистрибуција на информациите за издавачите и хартиите од вредност.

ЦДХВ е одговорен и за порамнување на тргувањата склучени на Македонската Берза за хартии од вредност АД Скопје. Со ова се обезбедува сигурно порамнување, кое се базира на принципот Испорака наспроти плаќање помеѓу купувачите и продавачите на хартии од вредност.

Дематеријализацијата и централната регистрација на сите хартии од вредност во Македонија ја зголемува заштитата на правата на инвеститорите и ја подобрува довербата во Македонскиот финансиски пазар. 

Европскиот Универзитет им нуди можност на студентите да се вклучат во тековните активности на Централниот депозитар на харии од вредност. Студентите би биле ангажирани на работна пракса во времетраење од еден месец. Можно е делумно флексибилно работно време во Депозитарот заради ангажман околу полагање на колоквиумските и испитните сесии.

 

Министерство за финансии на РМ

Eвропскиот Универзитет РМ - Скопје има остварено контакт и соработка со Министерството за финансии на РМ, со што на студентите им се нуди можност за стекнување работно искуство и надградба на професионалните вештини. Крајната цел е да се зголеми можноста за вработување на практикантите и да се овозможи оптимален спој на теоретската основа и практичното искуство.

Главната задача на Министерството за финансии се состои во одржување на стабилно јавно финансирање и стабилна макроекономска рамка со цел да се овозможи продолжување на процесот на економски реформи и забрзување на економскиот растеж, што ќе доведе до зголемување на благосостојбата и подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните на Република Македонија.

Европскиот Универзитет им нуди можност на студентите да се вклучат во тековните активности на Министерството за финансии. Студентите би биле ангажирани на работна пракса во времетраење од еден месец. Можно е делумно флексибилно работно време во Министерството заради ангажман околу полагање на колоквиумските и испитните сесии.

 

Министерство за економија на РМ

Eвропскиот Универзитет РМ - Скопје има остварено контакт и соработка со Министерството за економија на РМ, со што на студентите им се нуди можност за стекнување работно искуство и надградба на професионалните вештини. Крајната цел е да се зголеми можноста за вработување на практикантите и да се овозможи оптимален спој на теоретската основа и практичното искуство.

Министерството за економија ги утврдува активностите за остварување на своите надлежности и работи утврдени со Уставот и Закон, како и ги операционализира програмските задачи на Владата на Република Македонија.

Министерството за економија ги спроведува започнатите реформи, со отварање на можности за влегување на странски инвестиции, поттикнување на развојот на малото стопанство, развој на дејноста во енергетиката, индустријата, угостителството, туризмот и други области за кои е надлежно, како и подготвување на законски проекти определени со процесот на хармонизирање на македонското со европското законодавство.

Европскиот Универзитет им нуди можност на студентите да се вклучат во тековните активности на Министерството за економија. Студентите би биле ангажирани на работна пракса во времетраење од еден месец во летниот период. За понатамошни информации можете да ја посетите веб страницата на Министерството.

 

Илирика инвестиционен фонд

Eвропскиот Универзитет РМ - Скопје има остварено соработка со Илирика инвестиционен фонд, со што на студентите им се нуди можност за стекнување работно искуство и надградба на професионалните вештини. Крајната цел е да се зголеми можноста за вработување на практикантите и да се овозможи оптимален спој на теоретската основа и практичното искуство.

Илирика е еден од водечките инвестициони фондови во Македонија кој нуди квалитетни инвестициони и брокерски услуги и менаџмент на финансиски средства.

Нивното искуство отвора врати кон инвестирање за индивидуите како и за компаниите на глобалниот финансиски пазар. Ги следат светските трендови и отвораат нови хоризонти за инвестиции.

Европскиот Универзитет им нуди можност на студентите да се вклучат во тековните активности на инвестициониот фонд. Студентите би биле ангажирани на работна пракса во времетраење од еден месец, со можност за продолжување на повеќе месеци во зависност од тековните потреби. Можно е делумно флексибилно работно време во Илирика заради ангажман околу полагање на колоквиумските сесии.

 

ПроКредит Банка

Eвропскиот Универзитет РМ - Скопје има потпишано Договор за соработка со ПроКредит Банка, со која им се нуди можност на студентите да стекнат работно искуство, преку пракса, и да ги надградат своите професионални вештини. Покрај професионалното знаење, ЕУРМ на студентите им овозможува практично работно искуство во текот на наставата со цел да се зголеми можноста за вработување.

ПроКредит Банка е развојно ориентирана банка со широк спектар на банкарски производи. Во кредитното работење е фокусирана на кредитирање на многу мали, мали и средни претпријатија кои создаваат најголем број работни места и кои даваат витален придонес во економијата во рамките на дејноста во која работат.

ПроКредит Банка инвестира значително во обука на вработените со цел создавање пријатна и ефикасна работна атмосфера и овозможување најпријателска и најстручна услуга за клиентите.

Европскиот Универзитет им нуди можност на студентите да се вклучат во тековните активности на банката. Студентите би биле ангажирани на работна пракса во времетраење од еден месец, со можност за продолжување на повеќе месеци во зависност од тековните проекти во банката. Можно е делумно флексибилно работно време во банката заради ангажман околу полагање на колоквиумските сесии.