Студенти



Факултет за Детективи и Криминалистика

На ниво на Универзитет е потпишан договор со:

 

Факултетот за детективи и криминалистика има добиено согласност за изведување на практична обука и со:

 

 

Центар за управување со кризи

Eвропскиот Универзитет РМ - Скопје има остварено комуникација со повеќе институции, со што на студентите на Факултетот за детективи и криминалистика им се нуди можност за стекнување работно искуство и надградба на професионалните вештини. Крајната цел е да се зголеми можноста за вработување на практикантите и да се овозможи оптимален спој на теоретската основа и практичното искуство.

Центарот за управување со кризи е формиран заради предлагање одлуки и обезбедување постојани консултации, координација, навремена реакција, ефикасност и соодветно искористување на ресурсите што се на располагање во случај на кризна состојба, а и за обезбедување навремена, квалитетна и реална процена на загрозеноста на безбедноста на Република Македонија од ризици и опасности.

 

Министерство за внатрешни работи на РМ

Eвропскиот Универзитет РМ - Скопје има потпишано Договор за соработка со Министерството за внатрешни работи на Р. Македонија, со што на студентите им се нуди можност за стекнување работно искуство и надградба на професионалните вештини. Крајната цел е да се зголеми можноста за вработување на практикантите и да се овозможи оптимален спој на теоретската основа и практичното искуство.

Основните задачи на Министерството за внатрешни работи на Р. Македонија се:

остварување на системот на јавна и државна безбедност;

спречување на насилно уривање на демократските институции утвредни со Уставот на РМ;

заштита на животот, личната сигурност и имотот на граѓаните;

спречување на разгорување на национална, расна или верска омраза и нетрпеливост;

спречување на вршење кривични дела и прекршоци, откривање и фаќање на нивните сторители и преземање на други со закон предвидени определени мерки за гонење на сторителите на тие дела; и граѓански работи и други работи.

Факултетот за детективи и криминалистика при Европскиот Универзитет им нуди можност на студентите да се вклучат во тековните активности на Министерството за внатрешни работи.