Студенти



Факултет за Арт и Дизајн

Факултетот за арт и дизајн има потпишано договор односно согласност за изведување на практична обука со следните компании и институции:

 

 

 

 

ПРОМЕДИА Принт

Факултетот за арт и дизајн при Eвропскиот Универзитет - РМ остварува соработка со ПРОМЕДИА Принт, преку кој им се нуди можност на студентите од областа на графичкиот дизајн да стекнат работно искуство, преку пракса, и да ги надградат своите професионални вештини.

ПРОМЕДИА Принт се занимава со дизајн, подготовка и офсет и дигитално печатење на мали и големи формати. Има долгогодишно искуство во оваа област и има долга листа на клиенти со кои соработува. Опремена е со најсовремени машини потребни за изведување на нивната дејност.

Во рамките на практичната настава на студентите од областа на графичкиот дизајн им се нуди можност да се вклучат во тековните активности на ПРОМЕДИА Принт. Студентите би биле ангажирани на работна пракса во времетраење од 30 дена, со можност за продолжување на повеќе месеци во зависност од тековните проекти и квалитетот на соработката помеѓу студентот и ПРОМЕДИА. Бидејќи станува збор за мала фирма во ПРОМЕДИА може да биде ангажиран само по еден студент за еден одреден период.

 

 

АКВАРИУС

Факултетот за арт и дизајн при Eвропскиот Универзитет - РМ остварува соработка со АКВАРИУС, преку кој им се нуди можност на студентите од областа на графичкиот дизајн да стекнат работно искуство, преку пракса, и да ги надградат своите професионални вештини.

АКВАРИУС е студио за рекламна продукција основано уште во 1992 година и е еден од пионерите во оваа дејност во Македонија. Оспособени се за изработка на целосни проекти од концепт до финален производ. Дејноста на студиото е поделено во неколку сектори и тоа за дизајн, продукција и пост-продукција, како и изнајмување на видео опрема. АКВАРИУС се занимава со изработка на комплетни рекламни кампањи, графички решенија, видео продукција и пост-продукција, дизајнирање на амбалажа на производи, публикации и др. Нивната листа на клиенти меѓу другите ги содржи Peugeot, Влада на РМ, Окитекс, LIFE Магазин, Космофон, Кореа Аутотрејд, и др.

Во рамките на практичната настава на студентите им се нуди можност да се вклучат во тековните активности на АКВАРИУС. Студентите би биле ангажирани на работна пракса во времетраење од 30 дена, со можност за продолжување на повеќе месеци во зависност од тековните проекти и квалитетот на соработката помеѓу  студентот и АКВАРИУС.

 

 

VERTIGO VISUAL

Факултетот за арт и дизајн при Eвропскиот Универзитет - РМ остварува соработка со VERTIGO VISUAL, преку кој им се нуди можност на студентите од областа на графичкиот дизајн да стекнат работно искуство, преку пракса, и да ги надградат своите професионални вештини.

VERTIGO VISUAL релативно нова фирма која постои од 2005 год. Тимот составен од дизајнери и уметници постојано се залага за унапредување и иновации во областа на дизајнот и визуелната култура. Нивни полиња на специјализација се пост-продукција, визуелни ефекти и графичка анимација. 

Во рамките на практичната настава на студентите им се нуди можност да се вклучат во тековните активности на VERTIGO VISUAL. Студентите би биле ангажирани на работна пракса во времетраење од 30 дена, со можност за продолжување на повеќе месеци во зависност од тековните проекти и квалитетот на соработката помеѓу  студентот и VERTIGO VISUAL.  

 

 

АКТО Фестивал за современа уметност

Факултетот за арт и дизајн при Eвропскиот Универзитет - РМ остварува соработка со АКТО Фестивал за современа уметност, преку кој им се нуди можност на студентите да стекнат работно искуство, преку пракса, и да ги надградат своите професионални вештини.

АКТО е регионален фестивал за современа уметност кој вклучува визуелни и изведувачки уметности, музика, и теорија на култура. Програмата е базирана врз основа на два концепта: просторoт и темата на фестивалот. Во рамките на фестивалот се организираат дебати, театарски претстави, презентации, перформанси и др. АКТО е еден од ретките фестивали организирани надвор од Скопје (се одржува во Битола), а го работат луѓе од независната културна сцена.

Во рамките на практичната настава на студентите им се нуди можност да се вклучат во тековните активности на АКТО. Студентите можат да бидат ангажирани на работна пракса во периодот на организирање на фестивалот и/или во периодот на одржување на фестивалот. Ова е посебно добра можност за студентите кои не се од Скопје, а се од Битола или некое друго место во близина на Битола. Фестивалот обично се одржува во Август.

 

 

КАРА

Факултетот за арт и дизајн при Eвропскиот Универзитет - РМ остварува соработка со модната куќа КАРА, преку која им се нуди можност на студентите од областа на модниот дизајн да стекнат работно искуство, преку пракса, и да ги надградат своите професионални вештини.

Модната куќа КАРА е македонски национален бренд со меѓународен карактер. КАРА е предводена од креативен тим составен од млади дизајнери кои креираат сопствена модна линија пред се наменета за современата жена. Мисијата на модната куќа КАРА е развој на глобален бренд кој ги комбинира престижот, женственоста и модата со највисок квалитет. КАРА има и развиена мрежа на продавници во земјите од регионот.

Во рамките на практичната настава на студентите им се нуди можност да се вклучат во тековните активности на модната куќа. Студентите би биле ангажирани на работна пракса во времетраење од 30 дена, со можност за продолжување на повеќе месеци во зависност од тековните проекти и квалитетот на соработката помеѓу  студентот и КАРА.  

 

 

ОКИТЕКС

Факултетот за арт и дизајн при Eвропскиот Универзитет - РМ остварува соработка со модната куќа ОКИТЕКС , преку која им се нуди можност на студентите од областа на модниот дизајн да стекнат работно искуство, преку пракса, и да ги надградат своите професионални вештини.

ОКИТЕКС дизајнира и изработува машка, женска и детска конфекција, како и модни додатоци.

Во рамките на практичната настава на студентите им се нуди можност да се вклучат во тековните активности на модната куќа. Студентите би биле ангажирани на работна пракса во времетраење од 30 дена, со можност за продолжување на повеќе месеци во зависност од тековните проекти и квалитетот на соработката помеѓу  студентот и ОКИТЕКС.  

 

 

АБ Канал

Факултетот за арт и дизајн при Eвропскиот Универзитет - РМ остварува соработка со националната и сателитска телевизија АБ Канал, преку која им се нуди можност на студентите да стекнат работно искуство, преку пракса, и да ги надградат своите професионални вештини.

АБ Канал е сателитска и национална телевизија. АБ Канал е нов медиумски субјект со амбиција да стане број еден телевизија во Македонија. Телевизијата е опремена со најсовремени телевизиски технологии како професионални студија со комплетна опрема, студија за пост-продукција и други работни простории.

Во рамките на практичната настава на студентите им се нуди можност да се вклучат во тековните активности на телевизијата. Студентите би биле ангажирани на работна пракса во времетраење од 30 дена, со можност за продолжување на повеќе месеци во зависност од тековните проекти и квалитетот на соработката помеѓу  студентот и АБ Канал.  

 

 

ВЕЧЕР

Факултетот за арт и дизајн при Eвропскиот Универзитет - РМ остварува соработка со дневниот весник ВЕЧЕР преку кој им се нуди можност, пред се на студентите од областа награфичкиот дизајн да стекнат работно искуство, преку пракса, и да ги надградат своите професионални вештини.

Покрај Нова Македонија, Вечер е синоним за македонското повоено новинарство. Излегува уште од 1963 година. Функционира како дневен информативен весник.

Во рамките на практичната настава на студентите им се нуди можност да се вклучат во тековните активности на дневниот весник, пред се околу графичкото уредување на истиот. Студентите би биле ангажирани на работна пракса во времетраење од 30 дена, со можност за продолжување на повеќе месеци во зависност од тековните проекти и квалитетот на соработката помеѓу  студентот и АБ Канал.