Студенти



Библиотека

Вложувањето во знаење претставува Ваша долгорочна инвестиција. Европскиот Универзитет, со цел едукација на квалитетни високообразовани кадри кои ќе можат да се инкорпорираат во сите структури на општествениот живот во Република Македонија, ви ја нуди на располагање сопствената библиотека, опрема и другите ресурси. Универзитетот во моментов располага со две комплетно опремени библиотеки со читални.

Библиотеките се современо обликувани како библиотечно-информативни центри. Се смета во догледен период преку централната универзитетска библиотека да се вклучат во единствениот библиотечно-информативен систем. Со обезбедувањето на современа интернет технологија, се овозможува пребарување на библиотечниот материјал со кој располага Универзитетот преку интернет мрежата.