Алумни



Изјави на алумни

Анита Митреска – Стопанска комора на РМ, центар за едукација и развој

 

Европскиот универзитет остави белег во високото образование постанувајќи лидер помеѓу универзитетите во нашата земја. Јас бев само една меѓу повеќето студенти кои имаа можност интелектуално да се надградуваат со помош на едукативниот кадар на овој универзитет, кој го докажа својот професионализам преку успехот на своите студенти. Имено, јас сум дел од овој тим уште од 2005 година  кога се запишав на банкарски менаџмент . Како дел од овој универзитет, а со помош на професорскиот тим се здобив со одлични знаења од областа на економијата кои беа наградени со високи оцени кои пак ми помогнаа да добијам и стипендија која ја нуди самиот универзитет за најуспешните и најамбициозните студенти како поддршка во изградба на нивната кариера за успешни интелектуалци. Успехот на овој универзитет се докажува преку успехот на своите студенти, доказ за тоа сум лично јас. Мојот успех и мојата кариера која сега ја надградувам како дел од Стопанската комора на РМ во центарот за едукација и развој е доказ дека Европскиот универзитет е еден од ретките во нашата земја кој сериозно се залага за своите студенти.  Универзитет кој  соработува со највидните компании во нашата земја кои им се отворени на најуспешните студенти од овој универзитет за продолжување на својаат кариера, во некоја од нив што пак само говори за довербата која истите ја имаат кон тимот на Европскиот универзитет. Токму затоа набргу по завршувањето на моите додипломски студии одлучив и моите постдипломски студии да ги продолжам на овој универзитет кога се запишав на  маркетинг-менаџмент.

Денеска гордо можам да кажам дека сум магистер по Економски науки отсек маркетинг-менаџмент кој своето образование и својата кариера ја градеше како дел од тимот на Европскиот универзитет.

Токму затоа сметам дека вистинските образовни институции се успешни само доколку својот успех го градат преку успехот на своите студенти. Тоа е мотото на Европскиот универзитет во Република Македонија кој докажа дека квалитетното образование секогаш е безценето и води до загарантиран успех.

 

Горан Котевски – Советник за остварување на соработката на националниот совет за евроинтеграции

 

Европскиот универзитет рефлектира еден целосно нов и поинаков пристап кон студентите и кон стекнувањето знаење, истовремено  потпирајќи се на богатата традиција на европските, на американските и на македонските универзитети. Европски универзитет РМ e дел од елитните универзитети низ светот, носител на Меѓународната  акредитација, која ја доделува Меѓународната асоцијација за акредитација за образование за бизнис, светска организација која е лоцирана во Канзас Сити во САД. Ваквата акредитација, која не ја поседува ниту еден универзитет на Балканот, па дури ни земји како што се Швајцарија или Австрија, на Европскиот универзитет, на претседателот Бојо Андрески, врачена од страна  на првиот човек на IACBE, д-р Роберт Х. (Боб) Ролер.

 

Соработка со студентите, пружање помош и поддршка во сите сегменти од студирањето на Европски универзитет РМ, се едни од основните приоритети.  Хармонизацијата меѓу теоретските и тесностручните научни дисциплини, насочувањето и профилирањето по избор на студентот, како и интердисциплинарниот и мултидисциплинарниот пристап даваат наставни програми еквивалентни на оние во развиените европски и светски образовни системи и овозможуваат непречена  мобилност на студентите.Европскиот универзитет е модерен, европски ориентиран високообразовен центар, кој со своите академски содржини и софистицирани методи во средиштето на својот интерес ги има студентите. Тој претставува израз на модерните светски тенденции во полето на едукацијата и на современата научна мисла.

               

Вратите на Европскиот универзитет РМ се широко отворени за сите вас, за студентите. Изберете го најдоброто. Направете го вистинскиот избор и станете дел од големото академско семејство на студенти, кои се едуцираат и творат кај нас. Приклучете се на интелектуалната елита и бидете успешни креатори на сопствената иднина, бидејќи вложувањето во знаењето е вистински влог, кој создава трајни вредности.Европскиот универзитет РМ останува еден од ретките што ги исполнуваат сите стандарди и услови за универзитет и за кој  неодамна беше посочено од страна на министерот Тодоров дека е високообразовна институција која долго време успешно функционира во рамките на високото образование и е веќе добро етаблиран.

 

Христијан Ристески – Центар за економски анализи – ЦЕА како менаџер за истражување и администрација

Работам во Центарот за економски анализи – ЦЕА како менаџер за истражување и администрација (Center for Economic Analyzes - CEA Research and Administration Manager)

Како студент на постдипломски студии на насоката Маркетинг премногу сум задоволен од професорите и нивната отвореност за дискусија, давање совети, поддршка и достапност.

 

Сашо Нефовски - Промо и ПР во Алсат-М телевизија

 

Како студент на Европски Универзитет се стекнав со бројни теоретски и практични знаења од областа на економијата. Овој универзитет на ефективен и ефикасен начин влијаеше на моето усовршување како личност, а посебно ги прошируваше моите знаења за современите економски текови. Универзитетот создаваше атмосфера на вистинско европско високо образование со перманентна поддршка на студентите. Имав можност често, без ограничувања да се среќавам со моите професори и да полемизираме на најразлични теми од областите кои ги изучувавме.

Можам со сигурност да напомнам, дека Европски Универзитет и ден денес придонесува за мојот понатамошен професионален развој. Секојдневно го применувам знаењето и искуството кое го црпев во текот на студиите.

 

Тања Блажеска-Туристичка агенција Фалкон Травел - Скопје

Моето име е Тања Блажеска, дипломиран филолог по италијански јазик и книжевност. Вработена во Туристичка агенција Фалкон Травел – Скопје а моментално студент на постдипломски студии на ЕВРОПСКИ УНИВЕРЗИТЕТ на отсек маркетинг менаџмент. Како  студент на овој универзитет се стекнав со многу големо знаење и искуство, впрочем се уверив како функционираат современите универзитети во светот. Изненадена сум од посветеноста на наставниот кадар и нивниот позитивен пристап кон нас студентите како и академското ниво на комуникација и професионалност. Се запишав на овој универзитет бидејќи верувам во неговиот квалитет и бидејќи верувам дека знаењето пренесено од моите ценети професори ќе ми користи во моето професионално надградување.

 

Влатко Тасевски – асс. за продажба на студентски работни програми во Америка, ЗИП Травел

Колку моето образование на европскиот универзитет ми помогна во животот?

Како една од најважните вредности  во животот на еден човек е неговото образование и животното искуство што ќе го стекне и ќе го добие од своите професори и колеги за време на учењето. Образованието е голем предизвик за секој млад човек и за мене денот кога се запишав на факултет беше еден од најсреќните моменти. Мојот избор беше Европскиот Универзитет и јас сум пресреќен што го направив овој избор.  Европскиот универзитет се покажа како добра инстутуција со врвни и искусни професори, добри асистенти кои безусловно ја вршат својата работа и многу помагаат во совладувањето на испитите и материјалот.  Професорите безрезервно ги делат своите професионални лични искуства и навистина е привилегија да се биде дел од тие часови. Покрај наставата, факултетот овозможува практична натава и семинари надвор од Македонија коишто многу помагаат во совладувањето на наставата. Јас научив многу и покрај дипломата, се здобив со многу искуство, и преубви денови поминати со моите колеги на Европскиот универзитет. Сега работам и секојдневно ги коритам сите научени работи коишто многу ми помагаат во мојата кариера. Многу сум благодарен на моите родители што ми овозможија добро образование и голема благодарност до Европскиот Универзитет што ме прими да студирам и да бидам дел од успешните.