Студенти



Студенти

Почитувани Студенти,

На нашиот Универзитет Вие  сте на прво место. Ние сме тука поради Вас и Вашата иднина. Свесни сме дека најквалитетните средношколци, оние кои сакаат врз основа на знаењето да дојдат до најдобри позиции и конкурентска предност се определуваат точно за Европскиот Универзитет. Со тоа и нашата одговорност кон Вас е најголема. Поради тоа ние Вам ве ставаме на прво место, докажувајќи дека со уписот на Европскиот Универзитет Вие сте направиле вистински и правилен избор. Тоа се потврдува и со нашите постојани контакти за време на Вашето студирање, но и по дипломирањето. Водевме грижа и за просториите во кои студирате и го поминувате времето додека сте на Универзитетот. Амфитеатарот, компјутерските лабoратории, предавалните и библиотеката се модерно и функционално опремени, така што е обезбедена комплетна удобност и задоволство во престојот на Универзитетот. Наставата се одржува со најсовремена информациона и аудио- визуелна технологија, која Ви помага во добивањето на нови знаења.

Знаењето кое е потребно да Ви го пренесеме, бара врвни професори, предавачи и соработници кои Универзитетот грижливо ги одбира. Исто така, Универзитетот води сметка за  професионалниот развој и усовршувањето на сите вработени.