Публикации и активности



Публикации и активности

Во рамките на својата дејност и успешна работа и активност, Европски Универзитет - Република Македонија исто така развива и потпомага најразлични публикациски активности. Управата на Европски Универзитет - Република Македонија донесе oдлука да ги поддржи сите вработени на Универзитетот во нивното идно усовршување и развој со цел да постигне поголема ефикасност на полето на науката и истражувањето. Поради тоа, сите дипломски работи, магистерски трудови и докторски дисертации, како и научните трудови со кои се учествува на различни симпозиуми и семинари, годишните зборници, заедно со сите пишани материјали приготвени од униврезитетскиот кадар се публикуваат од страна на Европски Универзитет - Република Македонија. Универзитетската публикациска дејност ги вклучува најуспешните проекти спроведени од страна на нашите најистакнати студенти.

Европски Универзитет - Република Македонија секоја година учествува на саемот за високо образование што се одржува на Скопскиот Саем, со цел да ги запознае идните студенти и матурантите со своите активности, дејности и предности во однос на останатите универзитети. Европски Универзитет - Република Македонија спроведува најразлични промотивни активности, од типот на доделување најразлични стипендии како за додипломски, така и за постдипломски студии, спроведување на пропагандна кампања на различни медиуми на национално ниво, односи со јавноста кои ги запознаваат идните и постојните студенти со новитетите  што се случуваат на Универзитетот.

Европскиот Универзитет има чест да Ви презентира онлајн дел од публикациите објавени во периодот од 2008 до денес:


Година 2016

Шеста меѓународна научна конференција на ЕУРМ, 14-15 СЕПТЕМВРИ 2016

Извештај за самоевалуација 2016, преземи



Година 2015

Петта меѓународна научна конференција на ЕУРМ, 19 ЈУНИ 2015



Година 2014

Зборник на трудови од Четвратата меѓународна научна конференција „Науката и општествениот развој“, што се одржа на 9 мај 2014 година. Преземи




Година 2013

Извештај за самоевалуација 2013, преземи

Зборник на трудови од Третата меѓународна научна конференција „Промените во глобалното општество“, што се одржа на 6 и 7 јуни 2013 година. преземи


Година 2012

Меѓународна научна конференција „Реформите на безбедносниот сектор во Република Македонија и нивното влијание врз борбата против криминалитетот“

Зборник на трудови

Меѓународна научна конференција „Лицата на кризата“ 09.03-10.03 

Зборник на трудови

Зборник на апстракти


Година 2011

Годишник на трудови 2011


Година 2010

Годишник на трудови 2010

Списание КОД 2010


Година 2009

Годишник на трудови 2009

Списание КОД 2009


Година 2008

Годишник на трудови 2008

Јубилеен зборник 2008

Книги на ЕУРМ 2008