ЕУРМ НОМИНИРАН ЗА EUROPEAN BUSINESS AWARDS



ЕУРМ номиниран за наградата European Business Awards
СКОПЈЕ, 22 ЈУНИ 2015

Европскиот Универзитет на Република Македонија е номиниран за престижната награда „Европски награди во бизнисот“ (European Business Awards) спонзорирана од мултинационалната мрежа RSM International. Универзитетот конкурира со свои проекти во три категории:

· Претприемник на годината за 2015/2016 година;

· Вработен на годината за 2016/2017 год. и

· Награда за насоченост кон клиентот.


Според пропозициите на наградата на мрежата RSM Int. којашто е една од 7-те најголеми во светот во својата област, натпреварувачите треба да покажат престиж почитувајќи ги трите основни принципи на:

· Комерцијален успех

· Иновација и

· Деловна етика.

Им пожелуваме успех на натпреварувачите.

Со почит,

Европски Универзитет - Република Македонија