ДОДЕЛЕН ГРАНТ ОД ПРОГРАМАТА ЕРАЗМУС+ ЗА МОБИЛНОСТ НА СТУДЕНТИ И НАСТАВЕН КАДАР



   

ДОДЕЛЕН ГРАНТ ОД ПРОГРАМАТА ЕРАЗМУС+ ЗА МОБИЛНОСТ
НА СТУДЕНТИ И НАСТАВЕН КАДАР

СКОПЈЕ, 13 ЈУНИ 2015

Европски Универзитет - Република Македонија, Скопје ги информира сите
заинтересирани студенти и наставници на ЕУРМ дека располага со парични
средства доделени од Европската Унија за реализација на програмата
Еразмус+ за мобилност на студенти и наставен кадар.

Ова е извонредна шанса нашите студенти да поминат една академска година
на врвен универзитет во Европа, како и за нашите наставници да одржат
предавања и да воспостават плодна и креативна академска соработка со
развиениот академски свет.

Заинтересираните студенти и наставници на ЕУРМ можат за повеќе
информации да се обратат на координаторот на Еразмус+ програмата, проф.
Зоран Гацовски, по електронска пошта, на адресата
zoran.gacovski@eurm.edu.mk или на телефонскиот број
+389 2 3202-063

Со почит,

Европски Универзитет - Република Македонија