Идни студенти



Идни студенти

Зошто Европски Универзитет – Република Македонија?

Колеги и колешки,

Не е лесно да се определите за идната професија!

Вам Ви препорачуваме добро да размислите и сами да одлучите! Ако се определите да се запишете на Европски универзитет – Република Македонија, имате голема можност да станете успешни економисти, правници, информатичари, стоматолози, политиколози, детективи, менаџери, банкари, модни дизајнери, графички дизајнери....со еден збор имате шанса да станете образован и способен човек пред кој се отвараат сите хоризонти.

За вашите потреби Европски универзитет – Република Македонија организира модерна настава, стручен кадар, најсовремено опремени предавални во најстрогиот центар на градот...Исто така, Европскиот универзитет  нуди богат студентски живот, многу семинари, патувања, дружења, љубов и сите останати студентски потреби а континуирано создава атмосфера, која со целата своја сила се фокусира на студентот. Приодот кон студентот е индивидуален, личен, преку работа во мали групи и со директен контакт со професорот.

Бидете меѓу најдобрите!

Повеќе информации можете да добиете во Водичот низ студиите:

Водич низ студиите на ЕУРМ 2012-2013

Интерни и екстерни предмети од државна матура потребни за упис на ЕУРМ:

Листа од интерни и екстерни предмети